Валентина Сампаио е првиот трансродов модел во угледниот „Sports Illustrated“ (ФОТО)

Валентина Сампаио стана првиот трансродов модел што се појави во магазинот „Sports Illustrated Swimsuit“.

Манекенка од Бразил која има 23 години, испиша историја кога беше прогласена за „SI Swimsuit 2020 Rookie“ во петокот.

Сампаио, за веб-страницата на списанието изјави дека е возбудена и почестена.

„Родена сум во едно далечно, мирно рибарско село во северен Бразил. Ова е убава земја, но и домаќин на голем број насилни злосторства и убиства против транс заедницата во светот – три пати повеќе од САД “, напиша таа.

Фото: Boris Colletier: Flickr

Сметајќи дека е една од „среќните“, Сампаио констатира: „ Наидуваме на навреди, страшни реакции и физички напади само поради нашето постоење. Нашите можности за растење во семејство со љубов и прифаќање на училиште или пронаоѓање на достоинствена работа, се незамисливо ограничени“.

Манекенката беше првиот трансродов модел и на „Викторија Сикрет“ во август 2019 година.

Фото: Festival do Rio: Flickr

На Инстаграм каде Сампаио сподели фотографија за време на фотосесија на островот Скрб, на британските Девствени Острови – фановите и честитаа на манекенката за нејзиното достигнување.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот