Вакцината против грип штити од компликации и смрт, вели доктор Сања Цилевска Младеновска

Од денеска започна вакцинацијата против грип за ризичните групи граѓани. Пациентите кои се закажани за термин доаѓаат на трите вакцинални пунктови во Скопје, откако претходно имаа можност да аплицираат на Вакцинација.мк. Тие добиваат СМС порака во кои го пишува местото и времето кога да дојдат. Докторката Сања Цилевска Младеновска вели дека вакцината е квалитетна и иако можеби нема да ги заштити граѓаните од тоа да заболат од грип – ќе ги заштити од компликациите.

Доаѓаат на време, немаме поголеми застои и сè се одвива без поголеми проблеми. Во поликлиника „Бит пазар“ има 5 пункта и се вакцинира на растојание од 5 минути. Брзо оди вакцинацијата. Вакцинацијата освен на Бит Пазар се одвива и во поликлиниката Идадија и во Букурешт. Здравствените работници се вакцинираат во Институтот за јавно здравје и во Центарот за јавно здравје. Грипот кај одредена популација може да направи сериозни проблеми, сериозни компликации и неповолен исход од болеста, затоа граѓани повозрасни од 65 години, луѓето со хронични заболувања и малите деца, бремените жени и здравствените работници секако треба да ја примат вакцината. Вакцината е добра, сигурно штити од компликации. Можеби нема да ги заштити да не се разболат од грип, меѓутоа ќе заштити од сериозни компликации, хоспитализации и несакан исход. Вакцината е четиритипна, содржи два типа на инфлуенца А и два типа на инфлуенца Б. Таа се изработува по препорака на СЗО за вируси кои ќе бидат активни на северната хемисфера оваа сезона.  Дневно се закажани 600 пациенти, а од утрината се поминати 200 во поликлиника Бит пазар, рече доктор Цилевска Младеновска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот