Вака во Холандија се воспитуваат децата: Благодарение на овие принципи, во оваа земја растат најсреќните деца!

Децата во оваа земја со генерации се воспитуваат на овој начин…

Студијата на УНИЦЕФ покажа дека во Холандија растат најсреќните деца во светот. Оваа земја го поддржува современото родителство, а децата уште од најмала возраст ги учат наместо превоз да користат велосипед, да бидат свои и фокусирани на својот животен пат.

Холандскиот начин на воспитување се смета за еден од најдобрите во целиот свет. Успешни, среќни и задоволни стануваат децата благодарение на овие принципи…

Две мајки напишаа книга „Најсреќното дете во светот“ и објаснија во што се крие тајната на среќниот живот на холандските деца.

Имаат своја слобода

Многу холандски деца сами пешачат или се возат со велосипед до градинката или училиштето уште од првиот ден. Улиците на холандските градови се преполни со деца и млади кои возат велосипеди, без родители со нив.

Тајната не е во тоа што холандските родители се претерано опуштени, туку во извонредната прилагоденост на населбите кон слободното движење на децата. Широките велосипедски патеки, ограничената брзина на сообраќајот и ознаките направени во посебни бои ја нагласуваат предноста на велосипедистите, меѓу кои главни се децата. Сето тоа придонесува за чувство на сигурност кај холандските родители да им дозволат на своите деца без многу страв тие слободно да се движат низ целиот град.

Холандија одамна сфатила дека прилагодувањето на улиците за децата е важен предуслов за развивање на нивната одговорност и самостојност. Доколку нема безбедно опкружување, нема ниту детска слобода. Децата сами на патот чувствуваат поголема одговорност но и поголема слобода, а сето тоа го поттикнува чувството за независност.

Да се биде најдобар не е најважната работа во животот

Образовниот систем во Холандија не е исклучиво посветен кон добивањето на што подобри оценки, туку кон развивање на детската љубопитност и способноста за саморазвој. Така се однесуваат и родителите. Детето никогаш нема да наиде на негодување од родителите поради лошите оценки. Тие се само моментална работа. Родителите ги учат децата дека не е неоподно да се биде најдобар во се, туку само во оние работи за кои тие имаат страст и им причинуваат задоволство.

Да знаете да бидете свој е еднакво важно како да знаете да читате и пишувате

Децата од мали нозе учат да бидат свои, да се посебни и да не се споредуваат со другите. Секое дете во Холандија е фокусирано на својот животен пат и туѓиот успех воопшто не му пречи. Тие се восипитуваат така што ќе знаат да ги ценат своите предности, но и мани. Толеранцијата во оваа земја е исклучително важна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот