Вака лут Џерард не беше ниту како играч! (ВИДЕО)

фото: твитер

Како да не беше доволен груб стартот на Рајан Портеус над хрватскиот интернационалец Баришиќ кој воедно за малку ќе беше погоден со шише од трибините по што следуваа бурните реакции од клупата на Ренџерс.

Фудбалероте на Хиберниан заработи црвен картон, по што следуваше физички судир меѓу двата стручни штабови, Том Калшо и неговиот помошник Џон Потер со Џерард и неговите помошници.

– Мислам дека ниту една ниту другата екипа нема да биде горда кога ќе ги погледнат снимките. Но, тоа не е поентата. Мораме подобро да ги контролираме емоциите. Ова беше директен црвен картон, бевме разочарани што од Хиберниан ја бранеа таа постапка и старт. Беше црвен картон, беше јасно – рече Џерард.

Во рамките од 19. коло во најсилниот шкотски фудбалски шампионат, Ренџерс славеше со 0:3 на гостувањето кај Хиберниан.

На табелата води Селтик со 49 бодови, пет повеќе од Ренџерс кој има и еден натпревар помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот