Фото: EPA/MAXIM SHIPENKOV

„Вагнер“ се поблиску до Москва, се огласи градоначалникот Собјанин : Ситуацијата е тешка, седете дома, можно е затворање на патишта

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин ги повика жителите да ги ограничат патувањета, предупредувајчи на можно затворање на патиштата.

Собјанин предупреди дека ситуацијата во главниот град е „тешка“, со оглед на тоа дека силите на платеничката група Вагнер се движат кон главниот град на Русија за да го соборат руското воено раководство.

„Ситуацијата е тешка. Ве замолувам да се воздржите од патување низ градот колку што е можно повеќе“, рече Собјанин во изјавата, предупредувајќи на можно затворање на патиштата.

Воедно, тој соопшти дека понеделник ќе биде „неработен“ ден, со одредени исклучоци, за да се минимизираат ризиците.

Инаку Руската област Калуга, која се наоѓа јужно од Москва, денеска воведе ограничувања за патувања поради бунтот на платеничката група Вагнер, која започна марш кон руската престолнина.

Оперативниот штаб одлучи привремено да воведе ограничувања на патниот транспорт на патиштата во областа што ја поврзуваат со регионите Тула, Брјанск, Ориол и Смоленск, изјави гувернерот Владислав Чапча.

Регионалниот главен град Калуга е оддалечен 180 километри од Москва.

Претходно Би-Би-Си Русија јави дека во Москва се евакуираат дел од јавните згради, како што се музеи, трговски центри и слично, а истовремено се соопштува дека руските сили поставуваат митралески гнезда на јужниот влез во престолнината.

ВИДЕО: „Вагнер“ урива барикади, на 250 километри се до Москва каде се врши евакуација, се раскопуваат патишта за да се запрат платениците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот