Фото: Твитер

ВИДЕО: „Вагнер“ урива барикади, на 250 километри се до Москва каде се врши евакуација, се раскопуваат патишта за да се запрат платениците

Би-Би-Си Русија известува за евакуација на јавни згради во Москва додека платениците на Вагнер напредуваат кон главниот град на Русија.

Објавено е видео на кое платеници на Вагнер уриваат барикади на улиците што водат кон Москва, а руската армија подготвува гнезда со митралези на јужниот влез на градот.

Но исто на социјалните мрежи се гледа од објавените видеа како руски багери ги раскопуваат автопатиштата со цел платениците на Вагнер да не стигнат до Москва.

Медиумот информира дека во Москва се евакуираат музеите во близина на Кремљ. Во последните неколку часа имаше извештаи за евакуација на Третјаковската галерија, музејот Пушкин и културниот центар ГЕС-2, додава Би-би-си. Во Москва наводно биле евакуирани и трговскиот центар Мега Белаја Дача и трговскиот центар Квартал.

Ова следува откако платениците од Вагнер се свртеја против руското воено раководство. Претходно Вагнер ги зазеде сите клучни институции во Ростов на Дон, каде наводно се наоѓа рускиот министер за одбрана.

Руските војници распоредиле сили во полна борбена готовност на југозападниот крај на Москва, објави рускиот весник Ведомости поткрепени со фотографии од теренот. На фотографиите се гледаат и полицајци собрани на позицијата каде што автопатот М4 се спојува со влезот во рускиот главен град. По овој автопат се движат бунтовничките платеници од „Вагнер“. Според западни медиуми тие се сега на околу 250 км од Москва.

Руските власти наводно им понудиле амнестија на борците на Вагнер доколку се предадат, јавија западни медиуми пренесувајќи извештаи на руски новински агенции.

Руски претставник изјави за руската државна новинска агенција ТАСС дека на борците на Вагнер им е ветена амнестија доколку го предадат оружјето, но тие мора брзо да дејствуваат, пренесоа запоадни медиуми.

„Вагнеровите борци се уште можат да го положат оружјето и да избегнат казна со оглед на нивните достигнувања за време на специјалната воена операција во Украина, но тоа треба да го направат брзо“, изјави пратеникот Павел Крашениников за ТАСС.
Руските медиуми јавија дека во Москва ќе биде исклучен интернетот ако постои потреба за таков потег.

На социјалните мрежи е објавено дека е блокиран мост на реката Ока што се наоѓа на стотина км јужно од Москва и дека се копаат ровови во приодите кон главниот град на Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот