Уживајте повторно во туширањето: Еве како лесно, брзо и евтино да го одзатнете тушот!

Тоа ужасно чувство кога после напорниот работен ден ќе посакате да се истуширате, ќе пуштите вода од тушот, а тој повеќе ќе жубори и прска отколку што ќе испушта убав млаз вода. Еве како да го решите тој проблем за една минута!

Сте забележале дека, додека се туширате, водата повеќе не тече како што треба, млазот е слаб, како да нема доволно притисок за туширање, а ви се чини и дека нешто го блокира млазот вода од славината.

Во право сте, тоа се случува поради наслагите од бигор и камчиња кои ги запушуваат и онака малите дупчиња на тушот.

Меѓутоа тоа не е причина за нервоза, бидејќи тој проблем може да го решите за една минута, сосема сами.

За да го решите проблемот, најпрвин одвртете ја рачката од тушот и добро истресете ја, се додека не испаднат сите мали камчиња кои се затнале таму, потоа помешајте алкохолен оцет и вода во еднакви количини и ставете ја течноста во пластична кеса, во која потоа треба да ја потопите рачката од тушот.

Запушените дупчиња потребно е да отстојат во растворот барем еден час, а може и подолго. Потоа, отстранете ја кесата, избришете ги растворените наслаги од бигор и повторно уживајте во туширањето.

Видео на денот