Ужас во Данска, убиените куни заразени со коронавирус се издигнуваат од нивните гробови, корисниците на интернет ги нарекоа „зомби“

epa08799750 (FILE) - Dead minks lie in a heap on a farm in Farre in the southern part of Jutland, Denmark, 21 October 2020 (issued 05 November 2020). Minks throughout Denmark are to be eliminated, the Danish Prime Minister said at a press conference on 04 November 2020. Minks are infected with a coronavirus mutation in some of the Danish mink fur farms. EPA-EFE/METTE MOERK DENMARK OUT

Слики од воен комплекс во Холстебро, Данска, прикажуваат илјадници куни кои „се појавуваат“ на површината на земјата, откако беа убиени поради превенција за ширењето на коронавирусот.

Данска спроведе ликвидација на најмалку 17 милиони куни на целата територија во земјата откако стана очигледно дека животните носат мутиран вид на Ковид-19, кој може да биде поотпорен на вакцините и се пренесува на луѓе.

Корисните на социјалните мрежи, ги нарекоа „зомби“ куните што на сликите од депониите каде што овие животни беа закопани изгледаат како да се вратиле во живот.

Сепак, за оваа бизарна појава има стручно објаснување.

Експертите велат дека природните гасови што се формираат во нивните стомаци за време на распаѓањето и светлината која поминува низ песочната земја што се користеше за се затрупаат во масовните гробници, придонесе тие да се појават на површина.

Томас Кристенсен, полициски портпарол, за ДР, дански новински весник, изјави:

„Гасовите се формираат при распаѓање, што предизвикува телата малку да отекуваат и, во најлош случај, се појават над земјата“.

Првично, куните беа закопани само еден метар длабоко во масовните гробници, но сега ќе бидат закопани под 2,5 метри земја, а областа е заштитена за да се спречат какви било ризици од инфекција.

Данска убива 17 милиони куни поради страв од мутирање на коронавирусот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот