УЖАС ВО БЕЛГИЈА: Тригодишно дете почина од Ковид-19

Наместо најавената „петта фаза“ од напуштање на итните мерки, белгиските власти донесоа одлука за заострување на правилата и нови ограничувања.

Во Белгија тригодишно девојче го загуби животот како резултат на Ковид-19, а засега не е познато дали девојчето претходно страдало од нешто, ниту како се заразило.

Да се потсетиме дека во претходните денови, Белгија забележа значително зголемување на бројот на пациенти со „Ковид-19“. Поради зголемувањето на бројот на ново заразени, белгискиот Совет за национална безбедност одлучи да воведе построги мерки со цел да се сузбие ширењето на инфекцијата.

Наместо најавената „петта фаза“ од напуштање на итните мерки, белгиските власти донесоа одлука за заострување на правилата и нови ограничувања.

Новите мерки се однесуваат на задолжителното носење заштитни маски на сите јавни места, но и на прометните улици и маркети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот