УЖАС: Маж од Вршац пуштил кучиња да РАСТРГНАТ жива свиња (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Движењето Левијатан објави уште една брутална снимка, на која се гледа како неколку кучиња напаѓаат дива свиња во двор. Во обид да се спаси, животното влегува во шупа, но кучињата ја следат и продолжуваат да ја гризат.

Снимката, како што се наведува, е од Вршац, а личноста која го објавила видеото, напишала „Аждаји“, мислејќи на кучињата и очигледно е горда на нив.

https://www.facebook.com/watch/?v=391382908234204

Левитајан најавиле и поднесување на кривична пријава против личноста која го снимала овој настан. Под снимката има повеќе од 800 коментари на огорчени следбеници.

Како што се наведува во еден од коментарите, кучињата за лов се тренираат така што ги пуштаат на диви свињи. „Не е хумано, иначе вепарите се силни и ги разбиваат кучињата, но тука се 7 колку што гледам, ужас …Плус на мал простор се, страшно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот