Јетон Акику, директор на АЕК / Утрински брифинг

УТРИНСКИ БРИФИНГ | Акику од АЕК: Половина од државата има брз интернет – Скопје ќе биде првиот град со 5Г мрежа

Просечна брзина за фиксен интеренет т.е кабловски интернет не постои, туку ги земаме за споредба податоците од договорите што ги потпишуваат граѓаните. Приближно 24% од домаќинстватата во Македонија имаат склучено договор за 20 до 30 МБ во секунда и 21% од домаќинствата имаат склучено договор помеѓу 50 и 100 МБ, изјави за Утрински брифинг, директорот на АЕК Јетон Акику.

Според тоа повеќе од половина од државата имаат брз интернет, додава Акику.

По правилник операторот не смее да дозволи брзината да падне на 50% од рекламираната, вели Акику.

Околу 5Г мрежата Акику вели дека Скопје би бил првиот град во државата кој што ќе ја користи оваа мрежа.

Целиот разговор погледнете го во видеото

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот