Утре отворен ден во „Лајка“, 105 кучиња чекаат вдомување

Вработените во ЈП „Лајка“ ги повикуваат граѓаните утрешниот ден да го искористат за да го посетат стационарот, доколку сакаат да си вдомат миленик. Моментално таму се згрижени 105 кучиња подготвени да добијат дом, љубов и семејство, чие вдомување е сосема бесплатно.

Оттаму објаснуваат дека многумина не се доволно информирани за судбините на бездомните животни и причините зошто тие се на улица, а најголемата причина за тоа е човечкиот фактор, неодговорното сопствеништво, неконтролираното размножување и напуштање.

Животните на улица се осудени на тежок живот, секојдневие исполнето со страв, трауми, глад, предвремена, најчесто насилна смрт. Но, хуманоста е „заразна“, а една позитивна приказна влијае и менува многу. Со вашата одлука вие спасувате еден живот, а притоа давате позитивен пример на сите останати. Благодарение на таквите, сè поголема е бројката на поединци кои вдомиле, ќе вдомат и ќе спасат живот и кои стекнале прекрасен, верен и уникатен пријател – велат од „Лајка“

Вработените во „Лајка“ им стојат на располагање на сите заинтересирани граѓани кои сакаат да вдомат миленик, за што е потребно да ги контактираат на мејлот [email protected] или да го посетат стационарот. Инаку на страницата на „Лајка“ на Фејсбук се објавени сите кучиња што се за вдомување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот