Утковски со одговор до Судот – намален е бројот на вработени во затворска полиција и спроведуваме притворени низ цела држава
Со оглед на бројот на возила и намалениот број на вработени во затворската полиција, затворот Скопје во Шутка постапува и ќе постапува согласно своите можности и капацитети, реагираат од казнено управната установа и му порачуваат на Кривичниот суд дека вршат спровод на притворени не само во скопскиот кривичен суд, туку до сите судови и обвинителства низ цела држава, Гостивар, Тетово, Кичево, Куманово, Велес, Штип, Битола, Охрид и Кочани.
Препорачано
Оваа реакција на директорот на затворот Скопје следува откако Кривичен испрати соопштение дека се одложувале рочишта бидејќи не притворот во Шутка не спровел притворени лица кои имало закажани рочишта. Оттаму го објаснуваат планот за спровод за вчера и завчера.
– На 18.8.2025 година по план за спровод на притворени и осудени лица требаше да бидат спроведени 12 притворени лица до надлежните судови од кои 1 притворено лице до Основен суд Тетово, 1 притворено лице до ОЈО Гостивар и 10 притворени лица до Основниот кривичен суд Скопје при што реализирани се осум спроведувања на притворени лица во текот на денот. На ден 19.08.2025 година по план за спровод на притворени и осудени лица требаше да бидат спроведени 19 лица до надлежнии судови и други институции при што реализирани се 16 спроведи на притворените лица – се вели во реакцијата во затворот.


