Уставниот суд самоиницијативно ќе поведе постапка за оценување на уставноста на Упатство за матичните книги и регистри

Уставен суд табла / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Уставниот суд ќе оформи предмет  во кој ќе води постапка за оценување на уставноста на Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги.

Како што информираат од Уставниот суд, овој предмет е формиран согласно деловничките одредби со кои даваат овластување ссудот сам да поведе постапка за оценување на уставност на закон, односно уставност и законитост на пропис или друг општ акт.

Согласно Делвникот, овој предмет е предаден на судија известител и советник на Судот и веќе се води претходна постапка за испитување на уставноста на Упатството – се наведува во соопштението.

Упатството е донесено од страна на Министерството за правда на 29 мај годинава и предизвика голем интерес кај јавноста.

Управата е подготвена да издава изводи на родени, венчани и умрени со впишана етничка припадност

Според професорот по уставно право, Борче Давитковски незаконски е да се впишува етничката припадност на граѓаните во изводите од матичните книги

Професорот Давитковски за „Слободен печат“ неодамна изјави дека ако некој го оспори новото упатство на Уставен суд, тоа сигурно ќе падне затоа што упатството регулира повеќе од законот, а подзаконсккте акти не може да бидат над законите од кои произлегуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот