Успешно спасување: Извлечено куче паднато во длабока јама во Тетово пред една недела

Планинарот Надир Мурсели и активистот Далибор се нашле на местото каде било паднато кучето со цел да го спасат и извадат од дупката / Фото: МИА

Планинар и активист за заштита на животни денеска околу пладне извадија бездомно куче од дупка/јама длабока четири-пет метри во Тетово, во која паднало и се наоѓало околу една недела.

Кучето паднало во длабока јама пред една недела/Фото: МИА

За ситуацијата со кучето се зборувало во група на социјалната мрежа Фејсбук, по што планинарот Надир Мурсели и активистот Далибор се нашле на местото каде било паднато кучето со цел да го спасат и извадат од дупката.

– За проблемот ми се јави една моја пријателка, Ирина. Отидов со планинарска опрема, со јажиња. Се врзав за дрво и со помош на јажињата поради безбедност се спуштивме надолу со активистот. Кучето беше уплашено и лаеше. Некако успеавме да го ставиме во корпа, Далибор успеа да го врзе и да го стави внатре. Беше многу уплашено кучето нормално, не знаеше што се случува. И други луѓе имаше што помагаа, потоа за да се качи корпата нагоре. Имаше еден човек од околната продавница и уште неколку соседи и тие ни помогнаа да се повлече корпата нагоре, вели планинарот Надир Мурсели.

Успешна акција на планинар и активист/Фото: МИА

Според сознанијата на граѓаните, дупката која се наоѓа во двор од градинката, била покриена со дрвена плоча и поради тоа кучето паднало. Изминатите неколку дена луѓето од соседството го забележале откако интензивно кучето почнало да лае и квичи.  Тие овие денови му спуштале храна. По вадењето од дупката е однесено на локација за згрижување на бездомни кучиња на здружение за заштита на животни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот