Усик: Го послушав мојот тренер, не сакав да го нокаутирам Џошуа

Украинскиот боксер е новиот шампион во ИБФ, ВБО и ВБА верзиите /Лондон, Велика Британија/25 септември 2021/Фото EPA-EFE/NEIL HALL

Новиот светски шампион во тешка категорија Александар Усик ја оствари целта откако го симна од тронот Ентони Џошуа во Лондон.

Украинскиот боксер според многумина беше „аутсајдер“ во оваа борба против Британецот, но на крајот ги изненади сите и победи со едногласна одлука.

Во својот прв говор по мечот, тој призна дека не се обидел да го нокаутира Џошуа и прерано е да се размислува за евентуален реванш.

– Оваа победа ми значи многу. Борбата испадна точно како што очекував. Понекогаш, Ентони ме притискаше, но тоа не беше ништо посебно. Немав намера да го нокаутирам. Од моја гледна точка, исто така ми беше кажано да не се обидувам. Тренерот ми кажа „не“, а јас го слушав и ја завршив својата работа.

Се подготвувам многу напорно од јануари. Ми требаше половина година. Ми недостасуваат моите деца и сакам да си одам дома. Сега не размислувам за реванш. Не сте ја виделе ниту најдобрата верзија на Усик. Можам да направам многу повеќе – рече новиот светски шампион по борбата со Џошуа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот