Уште мандатот недоделен, чаршијата стокми две влади!

До крајот на уставниот рок за доделување на мандатот има уште 7 дена, а во јавноста со голема брзина се пласираат низа контрадикторни шпекулации за постигнати договори за влада и разни комбинации за парламентарно мнозинство, што потоа експресно се демантираат.

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се уверени дека ќе формираат парламентарно мнозинство од 61 пратеник за избор на новата влада, но досега ниеден од партиските лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски не најавува дека ќе оди кај претседателот Стево Пендаровски по мандатот за состав на извршната власт. До крајот на уставниот рок за доделување на мандатот има уште 7 дена, а во јавноста со голема брзина се пласираат низа контрадикторни шпекулации за постигнати договори за влада и разни комбинации за парламентарно мнозинство, што потоа експресно се демантираат. Тоа покажува дека договор за владина коалиција сè уште нема, а Пендаровски веројатно дури следната седмица ќе го дочека претендентот за премиер.

Завчеравечер јавноста доби разни информации дека се постигнати различни договори за парламентарно мнозинство  – „Лајм“ објави влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со премиер Лазе Еленовски како компромисно решение, а Плусинфо најави дека во владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе се смета и на поддршка од ДПА, како и на четирите мандати на Алтернатива на Африм Гаши, кои предизборно настапија во коалиција со Алијанса на Албанците на Зијадин Села. СДСМ веднаш ги демантира овие наводи и најави дека тие го имаат мнозинството за составување влада, а демант дека ДУИ повторно ќе владее заедно со ВМРО-ДПМЕ експресно стаса и од Бујар Османи.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вчера официјално соопштија дека сè уште немаат договор. Од владејачката партија велат дека водат сериозни преговори за формирање влада со полн четиригодишен мандат, поддржана од стабилно мнозинство во Собранието, на која еден од главните приоритети ќе ѝ биде борбата со криминалот и со корупцијата на сите нивоа.

Прочитајте и...  Силен ветар носи обилни дождови кон брегот на САД: Тропската бура „Бета“ се движи кон Тексас и Луизијана

„Задача на новата влада е да обезбеди ред и дисциплина во сите институции и да расчисти со криминалот и со корупцијата на сите нивоа, без разлика дали некој доаѓа од партија, од општина, од институција, дали е експерт, функционер, познат или непознат. Заеднички ќе биде договорен систем за проверка на потеклото на парите и на капиталот кај секој функционер“, соопшти СДСМ.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, вчера рече дека работат на формирање парламентарно мнозинство, а во врска со наводниот договор со ДУИ, чии црвени линии се Охридскиот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија, рече дека ниту потврдуваат ниту демантираат информации од неидентификувани извори.

– СДСМ и Заев велат дека имале мнозинство, а од друга страна тоа не го потврдуваат политичките партии. Би упатил јавно да ги прашате СДСМ да објават со кои партии имаат формирано парламентарно мнозинство, кои се коалициските партнери на СДСМ, да изнесат детали, бидејќи зборовите што можевме вчера да ги видиме од нивна страна во медиумите, односно од нивни извори дека „СДСМ има мнозинство“, не се доволни за формирање влада, туку треба 61 пратеник да се согласи на тоа. Во спротивно на тоа, СДСМ во овој момент освен што дрско краде, дрско и лаже што, впрочем, не е ништо ново за нив изминативе три години – рече Арсовски на прес-конференција.

Прочитајте и...  Борел: ЕУ не го признава Лукашенко за легитимен претседател

„Лајм“ завчеравечер објави дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го финализираат договорот за формирање нова влада, а Мицкоски и Али Ахмети се договориле премиер да биде Лазе Еленовски, кој ќе се декларира и за Македонец и за Албанец, со оглед дека е од мешан брак, при што останува само Мицкоски да го убеди претседателот на Левица, Димитар Апасиев, да поддржи влада со премиер Албанец за да може да се формира мнозинството. Од СДСМ одговорија дека станува збор за „провидно политичко позиционирање преку злоупотреба на медиуми“.

– Очигледно е дека текстовите објавени вечерва се провидно политичко позиционирање преку злоупотреба на медиуми, заради постигнување подобри позиции пред јавноста, но и во преговорите на одредени политички субјекти. Ние тврдиме дека СДСМ има обезбедено мнозинство за составување влада. Тоа ќе се потврди во следните денови кога ќе се добие мандатот од претседателот Стево Пендаровски и кога ќе дојде чинот на гласање во парламентот – одговорија од СДСМ.

ДУИ негираше дека договориле соработка со ВМРО-ДПМНЕ.

– Нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ и нема договор ни со СДСМ – изјави Бујар Османи за ТВ21. Според Османи, ДУИ не е извор на ваквите дезинформации.

Според Плусинфо, пак, кој пренесе дека во владата на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ ќе влезе и Алтернатива, не е точна информацијата дека заеднички премиер ќе биде Лазе Еленовски. Медиумот пишува дека на премиерската позиција од август годинава до август следната година премиерот ќе го даде ДУИ, а потоа три години премиерот ќе биде од ВМРО-ДПМНЕ, со што двете партии би оствариле значајни придобивки, односно интегративците би го оствариле изборното ветување, а ВМРО-ДПМНЕ би добиле премиер што ќе ја води владата во следните три изборни циклуси, на локалните, на претседателските и на следните парламентарни избори.

Прочитајте и...  ВМРО-ДПМНЕ: Заборавено и со низа проблеми остана образованието

Претходно медиумите објавија дека по средбата со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, Заев се сретнал и со лидерите на другите албански партии, Ахмети, Села и Гаши.

„Дворските игри“ околу партиските договори за парламентарното мнозинство ќе траат најдоцна до 14 август, кога е последен рок за доделување на мандатот на идниот мандатар.

 

Заев: СДСМ води сериозни разговори за формирање влада

 

СДСМ води сериозни разговори за формирање ново, стабилно парламентарно мнозинство и нова влада, која ќе работи во интерес на граѓаните, рекол лидерот Зоран Заев на средбата со германската амбасадорка Анке Холштајн.

– Заради преговорите со ЕУ, заради предвидливоста и економската сигурност, потребно е стабилно парламентарно мнозинство и формирање стабилна, одговорна влада, која ќе движи брзо напред. Развој и унапредување на економијата и реформи во правосудството ќе бидат врвните приоритети на новата влада предводена од СДСМ и тоа ќе го покажеме уште во првите сто дена од мандатот – рекол Заев.

СДСМ информира дека амбасадорката Холштајн упатила честитки за „успешно организираните фер, слободни и демократски избори на 15 јули“ и изразила уверување дека Германија уште повеќе и попосветено ќе ја поддржува земјата во остварување на стратешката цел за членство во ЕУ.

Прочитај повеќе

Во Хрватска самоизолација намалена од 14 на 10 дена

Слободен печат

Столтенберг: Пандемијата се користи за да се ослабне НАТО

Слободен печат

Во Италија задолжително тестирање на патниците од Париз

Слободен печат

Гутереш: Со поблиска соработка до решение за предизвиците со кои се соочува светот

Слободен печат

Словенија се соочува со полни болници и недостиг на медицински персонал

Слободен печат

Во Минхен маските стануваат задолжителни на јавни места

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Британија соочена со пораст на смртноста од Ковид-19

Слободен печат

ЕУ не постигна договор за санкции против Белорусија

МИА Агенција

Седница на ОН по повод 75. роденден

Слободен печат

Милошоски: Владата да најде решение децата со посебни потреби да се вратат на настава

Весна Тодоровска

Унгарија го поддржува Косово, обврските за визна либерализација се исполнети

Илинка Иљоска

Аун: Либан ќе биде на пат кон пеколот ако не добие нова влада

Слободен печат