Уште едно засилување во Штип: И Брегалница ќе има свој Роналдо

Фото: ФК Брегалница

Крилниот офанзивец Роналдо Ромарио Вебстер од Јамајка е најновото засилување на Брегалница за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

22-годишниот Вебстер кој игра на деснокрилната офанзивна позиција, доаѓа од редовите на фудбалскиот клуб Кавалиер од Јамајка, а претходно има настапи и за ФЦ Рено, исто така во домашниот шампионат. Вебстер досега има и еден официјални настап за репрезентацијата на Јамајка.

Претходно, Брегалница се засили и со дефанзивецот Самал Дикенс од Панама, фудбалерот од средниот ред Филип Стојчевски од Силекс, репрезентативецот на Јамајка, Колин Андерсон, офанзивецот Фабрицио Венегас од Костарика, голманите Мартин Давков и Кире Новаков, како и десниот бек Ване Јованов, кои се повратници меѓу „сините“.

Во меѓувреме продолжуваат активните подготовки на составот на Горан Здравков за новата сезона во ПМФЛ. Поради технички причини, одложен е пријателскиот натпревар со Теута кој требаше да се игра во Банско.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот