Уште една висока победа на КМФ Проект во футсал Лигата на шампионите

КМФ Проект против Ст. Ендрјус од Малта ќе се бори за првото место/Фото: facebook.com/KMF-Proekt-КМФ-Проект

Откако вчера со 6:0 во првиот меч вчера триумфираше над израелскиот Делфинс Ашдод, денеска во Гевгелија македонскиот шампион КМФ Проект со 8:1 славеше против Цефн Друидс од Велс во прелиминарната рунда во футсал Лигата на шампионите.

Ранготов постигна три голови (09:13 мин., 09:58, 35:08), по два Мехмединовиќ (14:54, 31:56) и Михајлов (22:31, 30:10), а еден Мар. Тодоровски (36:22).

На спротивната страна единствениот погодок беше дел на Вајс (15:13 мин.).

Ст. Ендрјус од Малта исто така беше убедлив над Долфинс Ашдод со 8:0. На едно коло до крајот во групата „А“ по шест бодови имаат КМФ Проект (14:1 гол разлика) и Ст. Ендрјус (13:0) на делба на првото место и токму овие две екипи ќе играат во вторник.

Првопласираните од секоја група ќе се пласираат во главната рунда, и уште една второпласирана зависно од ранкингот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот