Уште една сообраќајка со полициска кола: тројца повредени во судир во Ченто

Вчеравечер било пријавено дека на скопскиот булевар „Александар Македонски“, во близина на клучката за Ченто, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „Рено Меган“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(33) од Скопје и автомобил „Сеат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР.

Во незгодата се повредени сопатничката од возилото „Рено“, А.Н.(67) од Скопје и возачот и сопатничката во возилото „Сеат“, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Во последните неколку месеци, само во Скопје имаше четири тешки сообраќајни несреќи во кои учествуваа полициски возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот