Уште една оставка по трагедијата во Тетово: Економскиот директор Артан Етеми поднесе оставка

Артан Етеми / Фото: Фејсбук
Економскиот директор на Клиничката болница во Тетово, Артан Етеми, поднесе оставка по завчерашната трагедија во која починаа 14 луѓе во модуларниот ковид-центар во болницата. 
„Чувствувајќи ја длабоката болка од трагедијата што се случи во модуларниот центар во Тетово, каде што бев и лично присутен, од тажните слики што ги доживеав извлекувајќи ги со свои раце телата на жртвите, во својство на економски директор ја давам мојата оставка од оваа позиција од морален чин.
Јас верувам на принципот дека истражните тела и меѓународно ангажираните експерти ќе ја откријат вистинската причина за тоа како настана трагедијата што се случи во модуларниот центар и која ги скрши нашите срца.
Ја споделувам болката со роднините на жртвите.”, наапиша Етеми на својот фејсбук профил.
Ова е втора оставка во низа денеска, веднаш по објавувањето на директорот на тетовската Клиничка болница, д-р Флорин Бесими

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот