Фото: илустрација / Слободен печат / Драган Митрески

Уште еден работник заврши во болница со тешки повреди, паднал на градилиште во Кочани

50-годишен градежен работник паднал од висина и тешко се повредил додека работел на градилиште во Кочани, соопшти МВР.

„На 12.05.2026 во 11:15 часот во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош Кочани е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Б.(50) од с.Соколарци, општина Чешиново – Облешево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за фирма од Кочани, односно при пад од висина. Поради сериозноста на повредите В.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за понатамошно лекување. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршиле екипа на ОВР Кочани во содејство со инспектор за безбедност и здравје при работа и инспектор за работни односи“, пишува во полицискиот билтен.

За две години двојно е зголемен бројот на работници загинати на работно место

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот