Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Уште еден потрес во НБА: Трејдуван Кевин Дурант, Вестбрук си замина од Лејкерс

Изминатата вечер во НБА лигата се случи уште еден потрес откако претходно Кајри Ирвинг се пресели од Бруклин во Далас, сега и Кевин Дурант го напушти Бруклин.

Дурант е трејдуван во Феникс Санс, кој во спротивен правец ќе ги испрати Микел Бриџис, Кемба Џонсон, Џеј Краудер и четири пикови од првата рунда на драфтот (2023, 2025, 2027, 2029). Покрај Дурант во Феникс пристигнува и искусниот Ти Џеј Ворен.

Сезонава Дурант имаше просек од 29.7 поени по натпревар. НБА асот со 13 настапи на ол-стар викендите има уште четири титули најдобар стрелец и МВП од 2014 година, а на 978 натпревари во кариерата е со просек од 27.28 поени и тоа е четврти најдобар резултат во историјата на НБА. Пред него се само Мајкл Џордан (30.12), Вилт Џембрлен (30.07) и Елџин Бејлор (27,36).

Адријан Војнаровски и Шамс Чарни исто така објавуваат и дека Лејкерс се договориле со Минесота и Јута за размена во која Вестбрук со првиот пик на драфтот (2027) би завршил во Солт Лејк Сити, додека во „градот на анѓелите“ пристигнува Дианџело Расел.

Комплетниот трејд изгледа вака: Лејерси ги добиваат Дианџело Расел, Малик Бизли и Џерард Вандербилт, Јута покрај Вестбрук го има првиот пик на драфтот, а дресот на Минесота ќе го облечат Мајк Конли, Никел Александер-Вокер и трите пика на втората рунда драфтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот