Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Уште еден македонски фудбалер кариерата може да ја продолжи во Шкотска

Според информациите на шкотските медиуми наскоро уште еден Македонец би можел да биде дел од првенството во оваа земја.

Наводно екипата на Хиберниан покажала интерес во своите редови да го доведе Јани Атанасов кој во овој момент го носи дресот на Краковија од Полска.

Шкотските медиуми пренесуваат дека Атанасов е една од опциите кои раководството на Хиберниан ги разгледува. Договорот на македонскиот фудбалер со Краковија истекува на крајот од сезоната и тоа значи дека веќе може да преговара со заинтересираните клубови.

Во Шкотска во овој момент настапуваат тројца Македонци, Трапановски и Бабунски во Данди Јунајтед, додека Давор Здравковски го носи дресот на Мадервил. Претходно силно ова првенство блесна Бојан Миовски кој од Абердин се пресели во Жирона.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот