Уште еден Македонец во Влазнија: По Додев, пристигна и Константин Чешмеџиев

Фото: ФК Влазанија

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија Константин Чешмеџиев пронајде нов ангажман откако се раздели со бугарската Септември Софија. Нов клуб на Чешмеџиев е Влазнија од Албанија.

Во албанскиот прволигаш Чешмеџиев му се придружува на Дарко Додев кој од Брегалница се пресели во клубот од Скадар.

Пред Влазнија Чешмеџиев го носеше дресот на Шкендија, Академија Пандев, Вележ Мостар, Пелистер, Љубанци, Славија Софија и Шкупи.

Влазнија од него очекува да донесе цврстина во одбраната. Трансферите на двајцата Македонци доаѓаат по заминувањето на Гоце Седлоски од клупата на Влазнија, тој го водеше тимот во последните три месеци од сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот