Уште 4.800 мигранти се враќаат во услови на напнатост на границата меѓу Шпанија и Мароко

Мигранти / Фото: mia.mk

Претходно оваа недела, околу 8.000 луѓе успеаја да препливаат околу граничната ограда до шпанската ексклава Сеута, која е всушност Европска унија, откако Мароко одеднаш ги прекина безбедносните контроли долж медитеранското крајбрежје без никакво објаснување.

Од илјадниците мигранти кои влегоа на територијата на Шпанија во Северна Африка од соседен Мароко во услови на заострен дипломатски спор меѓу двете земји, повеќе од половина повторно ја напуштија ексклавата Сеута.

Денеска се вратени околу 4.800 лица, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи, известувајќи дека многумина заминале доброволно.

Претходно оваа недела, околу 8.000 луѓе успеаја да препливаат околу граничната ограда до шпанската ексклава Сеута, која е всушност Европска унија, откако Мароко одеднаш ги прекина безбедносните контроли долж медитеранското крајбрежје без никакво објаснување.

Односите меѓу Мароко и Шпанија се влошија во врска со прашањето за мигрантите и помошта на Шпанија на лидерот на сецесионистичкото движење од Западна Сахара.

Шпанските медиуми јавија дека потегот бил намерен, бидејќи мароканската Влада е наводно вознемирена што Мадрид дозволи влез на Брахим Гали, генералниот секретар на движењето Полисарио фронт.

Движењето бара независност на спорната Западна Сахара во Северна Африка. Мароко ја презеде Западна Сахара во 1975 година откако Шпанија се повлече од регионот. Областа ја смета како дел од нејзината територија. Фронтот Полисарио ја бара независноста на територијата.

Гали од април се лекуваше во Шпанија од коронавирус. Мароко го смета за воен злосторник и остро го критикуваше потегот на Шпанија да му помогне како неоправдан.

Во меѓувреме, Мароко одлучи да ја повлече својата амбасадорка во Шпанија, Карима Бенјаич, „на консултации”, јави мароканската државна новинска агенција МАП доцна во вторникот, повикувајќи се на дипломатски извор.

Видео на денот