УНХЦР предупредува на бегалски бран од Украина, околу 875.000 луѓе побегнаа

Бегалци од Украина во Краков/ Фото: EPA-EFE/LUKASZ GAGULSKI POLAND OUT

Бројот на украинските бегалци се искачи на речиси 875.000, соопштија денеска Обединети нации, во седмиот ден од руската инвазија врз Украина.

На интернет-страницата на Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) досега вкупно 874.026 луѓе ја напуштиле Украина.

– Тоа е огромен пораст од околу 200.000 бегалци во споредба со 677.000 бегалци претходниот ден, нагласи шефот на УНХЦР, Филипо Гранди.

Речиси половината од луѓето кои ја напуштиле Украина (454.000) избегале во Полска, 116.000 во Унгарија, 79.000 во Молдавија, 67.000 во Словачка, 45.000 во Романија, 43.000 во Русија и 350 во Белорусија. Останатите 70.000 се во други европски земји.

-И Европската унија е подготвена финансиски да ги поддржи украинските бегалци и земјите што ги примаат, изјави комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон за време на посетата на граничниот премин Медика во Полска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот