Унгарија: Не одиме на Евровизија, премногу е геј!

профимедиа

Наредната година на Евровизија нема да може да ја видиме Унгарија бидејќи, како што се шпекулира, овој музички настан бил премногу геј за крајнодесничарската влада на Унгарија и за шефовите на државната телевизија.

За повлекувањето од Евровизија се уште нема официјално образложение, но одлуката следеше по засилената хомофобична реторика во земјата, во која што премиерот Виктор Орбан покрена програма за поддршка на традиционални семејства и за зголемување на наталитетот.

профимедиа

Неодамна и спикерот на унгарскиот парламент ја спореди хомосексуалноста со педофилија, а при преносот од последната Евровизија, таа беше опишана како парада на хомосексуалци и беше кажано дека „неучеството би било добро за менталното здравје на нацијата“.

Од унгарската државна телевизија излегоа со соопштение во кое соопштија дека одлуката е донесена со цел да не се промовира хомосексуалноста, а додадоа и дека „Место да земеме учество во Евровизија, ќе поддржиме квалитетни продукции за унгарската поп музика“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот