Ума Турман има ново момче: „Стројник“ им било неговото куче!

Фото: Профимедиа

Сега, неколку месеци по таа средба на плажа, тие се лудо за вљубени и планираат заедно да купат имот во Хемптонс, изјави за странските медиуми добро информиран извор.

Американската актерка Ума Турман (50) пронајде нов партнер во Њујорк, а „стројник“ бил неговото куче.

Фото: Профимедиа

Sвездата на филмот „Евтини приказни“ (Pulp Fiction) се придржуваше до сите епидемиолошки мерки поврзани со пандемијата на коронавирусот и остана во својот дом во Хемптонс.

Летните денови ги користела за прошетка на плажа, а тоа резултирало во фатална средба со архитектот Питер Сабет (50), пишуваат американските медиуми.

Фото: Профимедиа

Питер не ни знаел која е Ума Турман. Таа се шетала покрај плажата и кога поминала покрај него, тој ја прашал дали ќе сака да го почува неговото куче за тој  малку да поплива – изјави извор близок на парот.

Ума, која исто така има куче без проблем се согласила на неговото барање, а по таа случка тие се нераздели.

Фото: Профимедиа

Сега, неколку месеци подоцна, тие се се уште лудо вљубени еден во друг, па дури и планираат заедно да купат имот во Хемптонс, изјави извор близок на парот.

За Ума последен пат се збореше дека е во врска со Андреа Балаз (63), но таа никогаш не ги коментираше гласините.

Фото: Профимедиа

Таа беше омажена за Итан Хоук (49) со кого има две деца, ќерката Маја (22) и синот Левон (18), а потоа со поранешниот свршеник Арпад Бусон (58) ја доби ќерката Росалинд (8), попозната како Луна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот