Улица во Ново Маало по обновата ќе има и асфалт и канализација
Во населбата Ново Маало во тек е реконструкција на улицата „Светозар Марковиќ“ во населбата Ново Маало. Со обновата на улицата е опфатена површина од 1.310 метри квадратни и должина од 210 метри. Во моментот, како што информираат од Општина Центар на терен се поставува нов асфалт.
Препорачано
Во Центар се реализираат конкретни проекти, со стандарди што граѓаните ги заслужуваат. Секоја уредена улица е чекор поблиску кон поразвиена и побезбедна општина. Реконструкцијата на улицата ,,Светозар Марковиќ“ ќе овозможи полесно движење за граѓаните и безбеден сообраќај, воедно ќе придонесе за поуреден изглед на населбата, вели градоначалникот Горан Герасимовски.
Реконструкцијата предвидува проширување на улицата, нови рабници и тротоари, ново улично осветлување и поставување атмосферска и фекална канализација.
Освен на оваа улица, во општината во тек е реконструкција и на улицата „Мирослав Крлежа“ во Дебар Маало, која треба да прерасне во пешачка, а наскоро ќе а започнат градежните работи за реконструирање на вториот дел од улицата „Ленинова“, на потегот од булевар „Партизански одреди“ до улицата „Орце Николов“.


