Украинските медиуми тврдат: Кадиров со денови е во кома

Рамзан Кадиров
Рамзан Кадиров / Фото: EPA-EFE/ALEXEY NIKOLSKY

Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина ја потврди информацијата дека чеченскиот лидер Рамзан Кадиров е во критична состојба, објави украинскиот портал Обозревател, а пренесе „Балкан Алџезеира“ додавајќи дека претходно негови извори од чеченската дијаспора соопштија дека Кадиров е во кома.

Претставникот на Дирекцијата Андриј Јусов за споменатиот портал изјавил дека болеста на Кадиров се влошила, поради што неговата состојба е тешка.

„Да, така е, има информации дека воениот злосторник Кадиров е во тешка состојба – болеста му се влоши и тоа доведе до компликација на  неговата здравствена состојба, сега тој е во критична фаза“, посочи тој и додаде дека информациите за влошеното здравје на  Чеченскиот водич е  потврдена од различни извори, а како причина е болеста, се наведува дека не е  повреда или рана.

Обозревал понатаму пишува дека информацијата им ја потврдиле различни извори од медицински и политички кругови, како и дека не се работи за повреда или рана.

Болест на бубрезите

Украинските медиуми пишуваат дека Кадиров долго време бил болен. Посочуваат дека тој бил пренесен во Москва, но таму не можеле да му помогнат, па бил вратен во Чеченија и во моментов се планира да се пренесе надвор од Руската Федерација, најверојатно во Обединетите Арапски Емирати.

Гласините за тешката болест на Кадиров кружат со месеци, уште во март 2023 година, објави германски Билд, повикувајќи се на поранешниот вицепремиер на Чеченија Ахмад Закаев, дека Кадиров има сериозно заболување на бубрезите и дека донел лекар од ОАЕ во Чеченија затоа што не им верува на московските лекари.

Неодамна медиумите пишуваа за наглите промени во изгледот на Кадиров, особено на големиот оток на лицето и медицинското помагало на прстот, па се претпоставуваше дека му откажуваат бубрезите.

Еден од неговите синови индиректно ја потврдил болеста на чеченскиот лидер објавувајќи видео во кое вели колку е тешко да се гледа како се губи татко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот