Јуриј Камелчук / Фото: Слободен печат - Жана П. Божиновска

Украински пратеник најави прекин на огнот до Божиќ

Мир во Украина може да се постигне до Божиќ, но под еден клучен услов – трилатерален состанок на лидерите на САД, Русија и Украина. Оваа проценка ја даде украинскиот пратеник Јуриј Камелчук за време на гостувањето на телевизискиот канал „Новини лајв“.

Според него, идејата за нов самит е оживеана и добива на интензитет, бидејќи разговорите на највисоко ниво би можеле да претставуваат пресвртница во преговорите.

„Не е познато кога ќе се одржи средбата Трамп-Путин-Зеленски, но би било добро ако се организира навистина наскоро“, нагласи Камелчук.

Тој, исто така, даде конкретна прогноза за можна временска рамка за прекин на непријателствата:

„Доколку средбата се одржи во ноември, ќе видиме прекин на огнот пред Божиќ“.

Според украинскиот пратеник, разговорите за дипломатско решение траат долго време, но сега „повторно се чувствува можноста“. Тој верува дека претстојните дипломатски напори би можеле да ги донесат првите опипливи резултати во наредните месеци, пренесе Политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот