Украинска армија предупредува на можни руски ракетни напади

epa09863658 Ukrainian soldiers inspect destroyed Russian positions in the recaptured by the Ukrainian army Mala Rohan village, near Kharkiv, northeast Ukraine, 01 April 2022. Mala Rohan and the area around had recently been recaptured by the Ukrainian army from Russian forces. On 24 February Russian troops had entered Ukrainian territory in what the Russian president declared a 'special military operation', resulting in fighting and destruction in the country, a huge flow of refugees, and multiple sanctions against Russia. EPA-EFE/VASILIY ZHLOBSKY

 Украинската армија денеска предупреди, непосредно пред почетокот на руската парада за Денот на победата во Москва, дека постои „голема веројатност од ракетни напади” и оти руските војници во областите во Запорожје, кои се под контрола на Москва, почнале да одземаат лични документи на локалното население, без да наведат причина.

Како што пренесе Бета, Украина соопшти дека руските војници запленуваат документи за да го принудат локалното население да учествува на церемонијата по повод Денот на победата.

Во соопштението се наведува и дека Русија распоредила околу 19 тактички групи во руската област Белгород, веднаш до границата.

Тие веројатно се состојат од околу 15.200 војници со тенкови, ракетни батерии и друго оружје, се вели во соопштението

Видео на денот