Украинците добиваат пристап до пазарот на труд во Австрија

Украинците кои побараа азил во Австрија по руската воена агресија наскоро ќе имаат неограничен пристап до австрискиот пазар на труд, соопшти денеска прес-службата на австрискиот парламент во коминике, откако Комисијата за социјални прашања на Националниот совет одобри измена на Законот за вработување на странци.
Во моментов, околу 8.000 Украинци работат во Австрија, а 14.000 се регистрирани во Австриската служба за вработување (AСЗ) како баратели на работа.
Украинските бегалци сега имаат полесен пристап до австрискиот пазар на труд и активно ги преземаат слободните работни места од ACЗ, под услов да имаат валидна лична карта за раселените лица. Во иднина, имателите на лична карта за раселени лица ќе можат да започнат каква било работа во Австрија без потреба за тоа да добијат дозвола, пренесе БТА. Исто така, се планира да се намали тековно потребната претходна проверка на платите и работните услови.