Украина тврди дека погодила руска рафинерија – одекнале силни експлозии и избувнал голем пожар во Рјазањ
Украинската војска нападнала нафтена рафинерија во рускиот град Рјазањ и погодила уште неколку воени цели на територии под руска окупација, соопшти Генералштабот на Украина, објави „Киев индепендент“.
Препорачано
Руската противвоздушна одбрана наводно пресретнала 64 украински дронови во текот на ноќта меѓу 14 и 15 ноември, од кои 25 над областа Рјазањ, соопшти руското Министерство за одбрана.
Гувернерот на Рјазањ, Павел Малков, го потврди нападот и рече дека била оштетена една фирма, чијшто иденитет не го откри.
Според украинскиот Генералштаб, локалната нафтена рафинерија била погодена, по што во објектот избувнале експлозии и настанал голем пожар.
Рафинеријата во Рјазањ произведува бензин, дизел, авионско гориво, течни гасови и други производи од нафта. Годишно изработува околу 840.000 тони авионско гориво TS-1, кое го користат руските Воздушно-космички сили, наведе Генералштабот.
Германија ќе купи за Украина американско оружје вредно 150 милиони евра
Украинските сили погодиле и радарска станица „Небо-У“ во Крим, воен воз кај Токмак во окупираниот дел на Запорожје, како и групација од руски војници кај Вовчанск во окупираниот дел на Харковската област.
Резултатите од овие удари сè уште се проценуваат, се наведува во соопштението.
Украина редовно ги таргетира нафтените капацитети во Русија и на окупираните територии за да ги наруши логистичките и снабдувачките линии на Москва.
Постојаните напади врз руското производство и нафтените рафинерии наводно довеле до недостиг на бензин во делови од Русија.
Русија го нападна Киев со стотици дронови и ракети, при нападите има десетици повредени


