Украина тврди дека погодила руска рафинерија – одекнале силни експлозии и избувнал голем пожар во Рјазањ
Украинската војска нападнала нафтена рафинерија во рускиот град Рјазањ и погодила уште неколку воени цели на територии под руска окупација, соопшти Генералштабот на Украина, објави „Киев индепендент“. Руската противвоздушна одбрана наводно пресретнала 64 украински дронови во текот на ноќта меѓу 14 и 15 ноември, од кои 25 над областа Рјазањ, соопшти руското Министерство за одбрана. …

