Украина сака и затворениците да ги вклучи во Армијата, парламентот го поддржа предлогот

Руска војска/ Фото: МИА

Украинските пратеници денеска го усвоија првото читање на нацрт-законот со кој на затворениците ќе им се овозможи да се приклучат на армијата, што треба да ја олесни ротацијата на исцрпените војници на бојното поле по две години војна со Русија.

Предлог-законот предвидува дека затворениците кои се приклучуваат на војската да можат да добијат условно ослободување.

Оние кои се осудени за злосторства против човештвото, сексуално насилство, убиства или злосторства против националната безбедност нема да смеат да служат војска, објави пратеникот Олексиј Хончаренко на Телеграм.

Собранието во прво читање го усвои и предлог-законот со кој се предвидуваат големи казни за граѓаните кои не ги почитуваат правилата за мобилизација.

Не се знае колку луѓе на овој начин ќе добијат право на војска кога ќе стапи во сила законот. Украинскиот парламент по неколкумесечни критики и дебата почна да го разгледува конечното читање на сложениот нацрт-закон кој би го променил процесот на мобилизација, а гласањето се очекува во четврток.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела потпиша нацрт-закон со кој се предвидува намалување на возраста за воена мобилизација од 27 на 25 години. Украинската армија претрпе загуби, чиј обем се чува во тајност, а денес, за разлика од почетокот на конфликтот, се бори да најде доброволци за фронтот.

Володимир Зеленски изјави во декември 2023 година дека армијата му понудила мобилизација на до 500.000 дополнителни луѓе, број што оттогаш е намален од новиот врховен командант на украинската армија, Олександр Сирски.

Сегашниот систем на регрутирање многу Украинци го сметаат за нефер, неефикасен и често корумпиран, а има и барања за демобилизација на оние кои долго време се на фронтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот