Погоден камион со хуманитарна помош во Украина/Фото: Икс

Украина: Русија нападна камиони на ОН со хуманитарна помош во Херсон

Камиони со хуманитарна помош на ОН беа цел на руски беспилотни летала и артилериски оган во регионот Херсон во јужна Украина, изјави локалниот гувернер Олександр Прокудин, додавајќи дека е чудо што нема жртви.

Украинскиот гувернер ја обвини Русија за терористички напад врз белите камиони со ознаки на ОН и помошта наменета за украинските граѓани.

Тој објави фотографија на својот профил „Икс“, на која се гледа оштетен камион со ознаки на WFP (Светска програма за храна) на ОН на поле.

Нападот се случил во заедницата Билозерка, на неколку километри од реката Днепар, која ја дефинира фронтовската линија во областа.

ОН го осуди нападот, нагласувајќи дека „ваквите напади се целосно неприфатливи. Хуманитарните работници се заштитени со меѓународното хуманитарно право и не смеат да бидат цел“, рече Матијас Шмале, хуманитарен координатор на ОН за Украина.

Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, го осуди „новото кршење на меѓународното право“ од страна на Русија, доказ за целосното непочитување на Москва кон животите на граѓаните и нејзините меѓународни обврски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот