Украина ѝ бара на Софија и оклопни возила за противвоздушни системи

Украина /EPA/IRINA GORBASYOVA

Бугарскиот технички министер за одбрана Димитар Стојанов денеска изјави дека Украина побарала од Софија не само разновидна муниција, туку и оклопни возила за противвоздушни ракетни системи.

Неговата изјава беше одговор на прашање дали при неговата посета на Украина во декември била побарана дополнителна воена помош.

„Вредноста на оружјето што ќе и биде доставено на Украина ќе се надомести не од буџетот на Министерството за одбрана, туку од централниот буџет“, истакна Стојанов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот