Украдено државно „Хјундаи“ најдено на патот меѓу Шишево и Грчец

Шишево / фото: Google Maps/З. Станковски

Автомобил „Хјундаи“, сопственост на Агенцијата за државни патишта, кој бил украден во скопската населба Ѓорче Петров оваа недела, е пронајден на патот меѓу селата Шишево и Грчец, соопшти полицијата.

„На 17.12.2021 околу 22.50 часот на патот од с.Шишево кон с.Грчец, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го пронашле возилото „хјундаи”, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Јавно претпријатие „Државни патишта” – Скопје, за кое на 15.12.2021 во 16.10 часот Б.Т.(56) пријави дека било одземено на ул.„Ѓорче Петров”“, се вели во полициското соопштение.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот