Укинат домашниот притвор на Драги Рашковски и Трајко Вељаноски

Драги Рашковски
Фото: МИА/Јован Димоски

Апелацискиот суд Скопје вчера ги укина мерките куќен притвор за Драги Рашковски и за Трајко Вељаноски, дознава МКД.мк.

Во случајот со поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски судот ја прифати понудената гаранција од 192.980 евра во недвижен имот. На Рашковски определени му се мерки на претпазливост и тој секој понеделник ќе мора да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје и провремено му е одземен пасошот се до правосилноста на пресудата во случајот во кој тој е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари.

Трајко Вељаноски, поранешниот претседател на Собранието, е во куќен притвор за случајот „Организатори на 27 април“ за кој од првостепениот суд е осуден на шест години и шест месеци затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот