Скенирање на сметки/ фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

УЈП се огласи за „МојДДВ“, откри што се случува со државната мерка

Управата за јавни приходи (УЈП) се огласи откако во јавноста големо внимание предизвика пробивањето на рокот на исплатата од „МојДДВ“, која не стигна кај дел од граѓаните кои скенирале сметки. Во јавноста се појавија и шпекулации дека Владата планира да го укине популарниот проект за скенирање фискални сметки и враќање на дел од парите платени за данок на додадена вредност кај граѓаните.

Од УЈП велат дека повратот на пари од мерката во третиот квартал од 2025 година продолжува, односно не е прекинат ниту откажан. Околу доцнењето на исплатата, велат дека имало технички проблем.

– Во процесот на исплата кај дел од спецификациите се појави технички проблем кој бара целосна преработка на истите. Имено, доколку постои дури и само еден налог каде се појавува корисник со промена на банка или трансакциска сметка, целата пратка системски се враќа и средствата не се исплаќаат кон сите корисници кои се во ист налог како и корисникот кој извршил промена. Овој предизвик е веќе идентификуван и надлежните служби работат на негово надминување. Целта е да се обезбеди точна и правична исплата за сите граѓани, без исклучок – информираа од УЈП.

Исплатата за корисниците со валидни и потврдени податоци е во тек, а за останатите ќе биде реализирана веднаш по завршување на техничката преработка, додаваат од УЈП.

– Доколку вршат промена на банка или трансакциска сметка, потребно е веднаш да направат ажурирање на податоците во системот. Со тоа ќе се избегнат вакви ситуации во иднина и ќе се овозможи навремена исплата на сите корисници – се вели до апелот до граѓаните.

Државата го проби рокот за исплата од „МојДДВ“, дел од луѓето што скенирале сметки останаа без пари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот