Фото: EPA PHOTO FILES/CHRISTOPHE SIMON/AO

Уганда ја затвори границата со Конго поради ширењето на еболата

Властите во Уганда денеска ја затворија границата со Демократска Република Конго во обид да го спречат ширењето на еболата, откако бројот на заразени во соседната земја продолжува да расте, објави Гардијан.

Мерката ќе биде во сила во наредните четири недели и ќе важи за сите патници, освен за медицински, хуманитарни и безбедносни мисии, како и за транспорт на храна и стока.

Од уганските власти соопштија дека секое лице кое ќе добие дозвола за влез од ДР Конго ќе мора задолжително да помине 21-дневна изолација.

Во Уганда досега се регистрирани седум случаи на ебола и еден смртен случај, додека во Демократска Република Конго бројот на заразени надмина 900, а пријавени се и 220 смртни случаи.

Светската здравствена организација ја прогласи епидемијата на реткиот сој на ебола „Бундибугио“ за итна состојба од меѓународно значење.

Разгневена толпа пак запали болнички центар за ебола во Конго — избегаа 18 заразени, не се знае каде се

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот