Разгневена толпа пак запали болнички центар за ебола во Конго — избегаа 18 заразени, не се знае каде се
Остро го осудуваме овој чин, бидејќи предизвика паника меѓу персоналот и доведе до бегство на 18 сомнителни случаи во заедницата, рече директорот на болницата во Монгбвалу, д-р Ричард Локуди.
Гневни жители на град во епицентарот на епидемијата на ебола во источниот дел на Конго нападнале и запалиле шатор на здравствен центар каде што се лекуваат луѓе заразени со вирусот, соопшти вчера персоналот. Тоа е втор ваков напад во регионот за една недела, пишува „Пи-би-ес њуз“.
Препорачано
Според првичните извештаи, во нападот никој не бил повреден, но додека пациентите бегале од пожарот, 18 луѓе со сомнеж за инфекција со ебола ја напуштиле установата и сега не се знае каде се, изјави директор на локална болница.
Гневните жители во петокот вечерта пристигнале во клиниката во градот Монгбвалу и запалиле шатор поставен за сомнителни и потврдени случаи на ебола од хуманитарната организација „Лекари без граници“, изјави директорот на болницата во Монгбвалу, д-р Ричард Локуди.
— Остро го осудуваме овој чин, бидејќи предизвика паника меѓу персоналот и доведе до бегство на 18 сомнителни случаи во заедницата — рече тој.
Во четвртокот бил запален уште еден центар за лекување, во градот Рвампара, откако на членови на семејството им било забрането да го преземат телото на локален маж за кој се сомневало дека починал од ебола.
Еболата во Конго и Уганда се ширела со недели пред здравствените власти да го вклучат алармот


