УЕФА се откажува од идејата за Европско првенство со 32 репрезентации

УЕФА не планира проширување на ЕП/фото: EPA-EFE/SERENA CAMPANINI

Телевизиските и комерцијалните партнери веруваат дека континенталниот собир со 32 од 55-те членки на УЕФА би бил предвидлив и непривлечен.

Дејли мејл“ дознава дека УЕФА има намера да се откаже од планот за проширување на Европското првенство на 32 репрезентации од 2028 година.

На тој чекор УЕФА е принудена со истражување, според кое финансиските ефекти не би биле добри доколку на ЕП учествуваат дури 32 репрезентации. Предвидливоста во групите, голем број нерешени исходи би ја намалиле атрактивноста.

УЕФА разгледуваше и други опции, како на пример откажување од традиционалните квалификациски групи и се играат нокаут натпревари, но и овој предлог не доби „зелено светло“ од телевизиските и комерцијалните партнери.

Конечната одлука сè уште не е донесена и ќе се чека на Извршниот одбор во ноември. Од 2016 година на ЕП учествуваат 24 репрезентации, а претходно беше организирано со 16 селекции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот