УЕФА одлучува за европските купови и дуелот Македонија-Косово

фото: ffm.mk

Исто така, европската куќа на фудбалот ќе донесе одлуки за елиминациската фаза и завршницата во ЛШ и Лига на Европа.

Според најавите Извршниот комитет на УЕФА денеска ќе одржи видео конференциски состанок на кои ќе се одлучува за важни прашања поврзани со календарот на натпревари од Европските купови (Лига на Шампиони и Лига на Европа), Лига на Шампиони во женска конкуренција.

Исто така ќе се одлучува за местата и термините на одигрување за натпреварите од ЕУРО 2020, плеј-оф натпреварите од Лига на Нации за пласман на Европското првенство 2020, групната фаза од истото натпреварување за сезоната 2020/2021, како и календарот и форматот за Европското првенство за фудбалери до 21 година, континенталните шампионати за фудбалери до 17 и 19 години и футсал натпреварувањата во организација на УЕФА.

По состанокот на највисокото тело на УЕФА, Европската куќа на фудбалот ќе организира видео конференциски состанок со генералните секретари на 55. членки на УЕФА.

2019/2020 УЕФА Лига на Шампиони и Лига на Европа – елиминациска фаза и завршница;

2020/2021 УЕФА Лига на Шампиони и Лига на Европа – квалификациска фаза, плеј-оф и натпревари по групи;

2019/2020 УЕФА Лига на Шампиони (жени) – елиминациска фаза и завршница;

2020/2021 УЕФА Лига на Шампиони (жени) – календар;

2019/2020 УЕФА младинска лига – календар за преостанатите фази;

УЕФА ЕУРО 2020 места и термини на одигрување;

УЕФА ЕУРО 2020 плеј-оф и 2020/21 УЕФА Лига на Нации фаза по групи;

2019 – 21 УЕФА Европско првенство до 21 година – календар и формат на натпревари;

2019/20 УЕФА Европско првенство за девојки до 17 години и Европско првенство до 19 години – календар и формат на натпревари;

Футсал натпреварувања;

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот