УЕФА го казни Фенербахче со десет милиони евра, сомнителен бил договорот со Мурињо
УЕФА отвори еден од посериозните финансиски случаи во поновата историја на европскиот фудбал, а епилогот е казна од 10 милиони евра за Фенербахче поради, како што се наведува во извештајот, неправилности во структурата на договорите и трошоците на клубот.
Препорачано
Иако далеку од рекордните санкции што претходно ги добивале европските гиганти, овој случај отвора ново поглавје во контролата на финансиското работење на турскиот клуб. Контролното тело на УЕФА за финансиска одржливост со месеци ги анализирало деловните книги на Фенербахче, со посебен фокус на начинот на кој се структурирани договорите на дел од фудбалерите и тренерите.
Во центарот на вниманието се најдоа, меѓу другите, Жозе Мурињо, Керем Актуркоглу, Милан Шкрињар и Диего Карлос, со сомнежи дека дел од примањата не биле прикажани преку стандардните договорни рамки.
🚨 Fenerbahçe, Jose Mourinho’nun alacakları ve Kerem Aktürkoğlu’nun UEFA ile yapılan görüşmelerin ardından bütçeye dahil edilen maaşı nedeniyle harcama limitini aştı. UEFA’dan yaklaşık 10 milyon euro seviyesinde para cezası gelecek. Ceza kesinleşti.
— Yağız Sabuncuoğlu (@yagosabuncuoglu) May 13, 2026
Најголемо внимание привлече трансферот на Актуркоглу, турскиот репрезентативец кој претходно настапуваше за Бенфика. Неговиот трансфер во Фенербахче, според наводите од истрагата, бил проследен со сложен финансиски модел во кој платите и бонусите делумно се воделе преку маркетинг и имиџ-права. Додека во официјалните документи биле прикажани значително пониски износи, во јавноста се појавиле информации за повеќемилионски годишни приходи, што дополнително ја поттикнало УЕФА да побара целосна документација.
Во обид да ја оправда структурата на договорите, Фенербахче се повикувал на модел во кој дел од обврските ги преземале надворешни спонзори. Еден од нив бил бизнисменот Хакан Сафи, кој јавно истакнал дека финансира дел од трошоците преку маркетинг-права и провизии. Сепак, токму ваквите аранжмани станале предмет на дополнителни проверки, бидејќи регулаторните тела се обидувале да утврдат дали на тој начин се заобиколуваат правилата за финансиски фер-плеј.
УЕФА на крај заклучила дека вкупната потрошувачка и начинот на прикажување на договорните обврски не се во согласност со правилата за финансиска одржливост, со што се отвора прашањето за транспарентноста во прикажувањето на реалните трошоци на клубот.
ВИДЕО | Aрапи се тепаа со палки на дербито во Саудиска Арабија
ВИДЕО | Комичен автогол во 98. минута го одложи шампионското славје на Роналдо


