Фото: Screenshot/X

ВИДЕО | Aрапи се тепаа со палки на дербито во Саудиска Арабија

Дербито меѓу Ал Наср и Ал Хилал кое заврши без победник (1-1) во Саудиска Арабија донесе и немири на трибините.

Како што може да се види на снимките кои беа објавени на социјалните мрежи дел од навивачите на Ал Наср, клубот за кој настапува Кристијано Роналдо, упаднале во ВИП секторот каде се наоѓале симпатизери на ривалскиот тим. Наместо спортска атмосфера, следувале турканици, жестоки расправии, а во пресметката се користеа и палки.

Локалните медиуми пренесуваат дека обезбедувањето реагирало експресно за да спречи поголем инцидент, но и покрај тоа во ложата настанал вистински хаос.

ВИДЕО | Комичен автогол во 98. минута го одложи шампионското славје на Роналдо

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот