Ученици донираа храна за социјално загрозени во Кавадарци

фото: МИА

Ја поздравуваме ваквата иницијатива која треба да ја следат и други, затоа што сите луѓе заслужуваат пристојни оброци и поубав живот, нагласи Роберто Паризов.

Во рамки на хуманата акција за новогодишните празници што ја спроведе Банката за храна Кавадарци, активно се вклучија и учениците од IV-3 одделение при Основното општинско училиште „Тошо Велков Пепето”, кои донираа прехранбени продукти и средства за лична хигиена.

– Учениците беа мотивирани од нивната одделенска наставничка Клаудија Ангелова, со која како Банка за храна имаме одлична соработка, но и како екологисти. Ја поздравуваме ваквата иницијатива која треба да ја следат и други, затоа што сите луѓе заслужуваат пристојни оброци и поубав живот, нагласи Роберто Паризов, активист во Банката и претседател на регионалното еколошко друштво ,,Еко-живот”.

Ангелова посочи дека  избрала племенита професија,  да работи  со учениците во првиот и најважен циклус од нивното повеќегодишно образование.

– Јас како наставник секојдневно се трудам да им го пренесам моето знаење и искуство, учејќи ги на сите морални вредности и принципи, ги учам да имаат одговорност кон заедницата и моја задача е од моите  ученици да направам паметни и чесни луѓе. Јас ги мотивирам учениците, ги поттикнувам постојано да учат, да сознаваат, да истражуваат, да бидат свои, за своето добро и за доброто на општеството, нагласи наставничката.

Таа додаде дека се труди и да ги насочи  кон основните вистински вредности во животот, да сакаат, да бидат љубезни, да бидат насмеани, секогаш да помагаат, да бидат хумани.

– Нивната хуманост ја видовме и на дело. Браво за моите ученици, нека го следат и останатите нашиот пример, на луѓето околу нас ова му е потребно, да им ги разубавиме празниците и секој нов ден во 2020 година, рече Ангелова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот