Училница / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Учениците од денеска на зимски распуст – ќе одмораат до 20 јануари

За околу 250.000 ученици во основните и средните училишта денеска почнува зимскиот распуст.

На настава ќе се вратат на 20 јануари 2026 за почетокот на второто полугодие.

Во вториот дел од учебната 2025/2026 година ќе продолжи процесот за оптимизација на училишната мрежа и воведување едносменска настава со која досега се опфатени 200 училишта.

На крајот на учебната година, во јуни, матурантите ќе полагаат државна матура по нов концепт, согласно видот на образованието.

Наставниците во март треба да добијат покачување на платите помеѓу 7,5 и 10 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот